Ковач го состави коцкастиот мозаик

Репрезентацијата на Хрватска забележа минимална победа од 2:1 во пријателскиот дуел против селекцијата на Мали, а по натпреварот, предводникот на „коцкастите”, Нико Ковач, го соопшти конечниот список со 23 фудбалери кои ќе настапат на престојниот Мундијал во Бразил.

Во последен момент од списокот отпаднаа Милан Бадељ, Дује Чоп, Игор Бубњиќ и Марио Пашалиќ, а претходно, поради посериозни повреди отпаднаа Нико Крањчар, Иван Стриниќ и Иво Иличевиќ.

СОСТАВ:

ГОЛМАНИ: Плетикоса (Ростов), Зеленика (Локомотива), Субашиќ (Монако). ОДБРАНА: Чорлука (Локомотив М.), Шилденфелд (Панатинаикос), Ловрен (Саутемптон), Врсаљко (Џенова), Вида (Динамо К.), Срна (Шахтјор). СРЕДЕН РЕД: Модриќ (Реал М.), Ракитиќ (Севилја), Вукојевиќ (Динамо К.), Перишиќ (Волфсбург), Ковачиќ (Интер), Самир (Гетафе), Прањиќ (Панатинаикос), Мочиниќ (Ријека), Брозовиќ (Динамо З.). НАПАД: Манџукиќ (Баерн М.), Едуардо (Шахтјор), Олиќ (Волфсбург), Јелавиќ (Хал), Ребиќ (Фиорентина).