Ковачиќ незадоволен од малата минутажа на Џузепе Меаца

Ники Вуксан, агентот на хрватскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Интер, Матео Ковачиќ, откри дека неговиот клиент не е многу задоволен од минутажата која ја добива во италијанската Серија А.

“Во изминатите две недели постојано ми звони мобилниот, постојано ме прашуваат што се случува со Матео, зошто не игра. Се што можам да кажам е дека мојот клиент има договор со Интер, но и дека не е задоволен од минутажата. Тренерот секогаш го има последниот збор, Маѕари ја носи таа одлука, кој ќе игра, кој е во подобра форма, а кој не е во форма и кој ќе седи на клупата за резервни фудбалери. Мојот клиент нема никаков проблем со Интер или со Маѕари. И покрај малата минутажа, Матео ќе биде дел од престојниот Мундијал во Бразил. Хрватска не е Италија, нема многу таленти во Хрватска, а Матео е еден од тие ретки таленти”, изјави Вуксан.