Ковачиќ одбил трансфер во „Манчестер јунајтед“

Хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ ја одбил понудата на „Манчестер Јунајтед“ откако Англичаните испратиле официјална понуда до „Реал“ Мадрид од 60 милиони евра, пренесува „Марка“.

Според весникот,  Хрватот не сакал трансфер на „Олд Трафорд“, бидејќи бил на мислење дека стилот на игра на „црвените ѓаволи“ не е соодветен за него.

Инаку, Ковачиќ сака да го напушти „Реал“ за да игра повеќе, а наводно и „Челзи“ контактирале со шпанскиот клуб за да преговараат за евентуален трансфер на Ковачиќ во Лондон.

Сепак, според „Марка“ новиот тренер на „Реал“, Хулен Лопетеги ќе се обиде да го убеди Ковачиќ да остане во тимот и наредната сезона.