Ковани пари „Хороскопски знаци“ за колекционерски цели ќе бидат пуштени во оптек, одлучи НРБМ

Советот на НРБМ на денешната седница , врз основа на предвидениот распоред и динамика на активностите за издавање ковани пари за колекционерски цели, а по претходно  донесените одлуки за издавање, како и одлуки за пуштање во оптек кована пара за колекционерски цели „Лав“ и „Девица“, ја усвои и Одлуката за издавање кована пара за колекционерски цели „Вага“ и „Скорпија“, од серијата „Хороскопски знаци“. Кованите пари „Вага“и „Скорпија“ ќе бидат во апоени од 10 денари.

Кованите пари што ги зработува НРБМ се со висок квалитет, а изфавањето на вакви пари за колекционерски цели придонесува за подобро претставување на земјата на домашен и меѓународен план.

Советот на Народната банка на Република Македонија на денешната седница го усвои Извештајот за финансиската стабилност во Република Македонија за 2013 година, при што констатира задржување на финансиската стабилност и во 2013 година.