Ковчегот со телото на Нелсон Мандела пристигна во претседателството во Преторија

Ковчегот со телото на Нелсон Мандела денеска беше транспортиран во зградата на јужноафриканското претседателство во Преторија, каде што луѓето ќе можат за последен пат да му оддадат почит на борецот за мир и граѓански права, пренесе „АФП“.

Телото на првиот црн претседател на ЈАР беше дочекана во зградата со звуците на националната химна. Посмртните останки на Мандела ќе останат положени до попладневните часови .

Пред да стигне до претседателството погребната поворка помина по улиците на Преторија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.