Магазин

Бил Козби признал дека дрогирал и силувал жени во неговата вила

Бил Козби признал дека дрогирал и силувал жени во неговата вила
Бил Козби признал дека дрогирал и силувал жени во неговата вила

Агенцијата Асошиејтед прес се изборила судот да ги отпечати документите во кои адвокатите на познатиот американски комичар Бил Козби (77) го нарекле „незгоден“ клиент.

Судијата ги отпечатил документите и станало прилично јасно зошто адвокатите на Козби толку се труделе да ја прикријат содржината. Познатиот, комичар и актер уште во 2005 година признал дека набавувал седативи „со намера да им ги даде на младите жени со кои сакал да има секс, а признал дека седативи и дал на најмалку една жена.

Козби во моментот на признанието бил испитуван од адвокатот на поранешна вработена во универзитетот „Темпл“, Андри Констанд која го обвинила комичарот дека ја издрогирал и сексуално напаствувал во неговата вила во Филаделфија.

77-годишниот актер бил под заклетва и во таа прилика признал дека на жената што го обвинила и дал три дози „Benadryl“.

Иако во текот на испитувањето ја признал вината, не само за овој туку и за уште неколку други случаи, Козби во 2006 година се нагодил со жената што го тужела, а документите биле запечатени.

Инаку Козби досега беше обвинет од повеќе од 40 жени од кои повеќето тврделе дека комичарот ги дрогирал а потоа сексуално ги искористувал.

Иако некои од случаите се постари и од 40 години, актерот никогаш не бил обвинет за силување, а тој и неговите адвокати честопати ги негирале обвинувањата.

Во документите се појавуваат  и прашања поврзани за сексуалниот однос друга жена која во 1978 година го обвинила актерот дека ја дрогирал и ја силувал  кога имала само 19 години.

– Ја запознав во Лас Вегас. Таа ме запозна во бекстејџот. И дадов седативи. Имавме сексуални односи. Тогаш не можев да проценам што знае таа девојка за себе на 19-годишна возраст. Беше пасивна. Но, имаше една слатка одлика. Што се однесува до мене, беше добро одгледана, не се однесуваше како да е подобра од останатите. Мислам дека беше многу среќна што се најде во тоа шоубиз опкружување – изјавил Козби.

bil kozbi