Спорт

Кожув одигра последна четвртина за кошаркарските учебници

Кожув одигра последна четвртина за кошаркарските учебници
Кожув декласиран на гостување во Приштина кај Сигал

Кошаркарите на Кожув одиграа фантастична последна четвртина против тимот на Сутјеска и славеа со 79:76.

Иако во четвртата четвртина губеа со двоцифрена негатива, а на само нешто повеќе од две минути до крајот и со 76:68, кошаркарите на Кожув одиграа брилијантно во завршницата и славеа значајна победа.

Ова е девета победа од исто толку натпревари за Кожув во БИБЛ лигата сезонава, со што поставија рекорд во лигата од нејзиното постоење.

Нешовиќ и Шепа со по 15 поени беа најпрецизни кај Кожув, а двоцифрени беа и Албијаниќ и Јањушевиќ.

Со оваа девета победа во низа, Кожув постави рекорд во БИБЛ лигата, кој досега го држеше Галил со осум победи во серија. Со максимален учинок и прво место на табелата, гевгеличани наредниот меч го играат повторно дома, кога ќе се сретнат со Рилски Спортист наредната среда.