Кожув последна пречка за МЗТ Скопје за финале во Купот на Македонија

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром – Кожув и Куманово – Лирија денеска ќе ги одмерат силите во полуфиналето од Купот на Македонија во салата “Билјанини извори” во Охрид

Бранитлот на титулата ќе има тешка задача да се пласира во финалето, бидејќи пред себе ќе го има квалитетниот тим од Гевгелија. Гевгеличани секогш биле незгоден противник, за “металците”, а тоа го потврди и тренерот Зоран Мартич, кој истакна дека ако сакаат да победат не треба да се опуштат во ниеден момент од натпреварот.

Знам дека овие натпревари се малку специфични и дека опуштено влеговме во натпреварот против Струмица во !евртфиналето. Но не смееме да си го дозволиме тоа И против Кожув. Од играчите барав да бидат целосно фокусирани на дуелот и да играме одбрана како што треба. Во полуфиналето не смееме да дозволиме падови во играта“ изјави Мартич.

Натпреварот меѓу МЗТ Скопје и Кожув се игра со почеток во 17.30 часот, додека Куманово и Лирија играат од 20.15 часот.