Кожув со победа, Куманово со пораз во ова коло од БИБЛ лигата

Нашите претставници во БИБЛ лигата, екипите на Кожув и Куманово имаа половичен успех на натпреварите кои ги одиграа против Морнар, односно Пеќ.

Кожув на гостувањето во Бар против Морнар, го продолжи 100% учинок во БИБЛ лигата, откако славеше против домашниот тим со 67:75.

Најефикасен во нашиот тим беше Алексеј Нешовиќ со 23 поени, додека Драшко Албијаниќ забележа 16 поени.

Тимот на Куманово не беше успешен на домашен терен и загуби од Пеќ со 83:93. Ова е втор пораз на кумановчани и повторно од тимот на Пеќ, кој очигледно не им лежи на домашните.

Најзаслужен за победата на гостите беше Мочник со 28 кошеви, додека во тимот на Куманово најефикасен беше Мандиќ со 23 поени.