Коѕиас: Проблемот не е во името, туку во иредентизмот

Проблемот не е во името, туку во она што се крие зад името: иредентизмот, изјави грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас, пренесе МИА.

Во интервју за грчката телевизија Алфа, Коѕиас рече дека еден од приоритетите во грчката надворешна политика е решавање на проблемот со името на Македонија, но според него, меѓународната заедница треба да изврши поголем притисок врз македонските власти „за да се издејствува промена на иредентистичките ставови кои се пречка за решавање на спорот“.

Ова е прва официјална изјава на новиот шеф на грчката дипломатија во врска со проблемот што Грција го има со нашето уставно име. Очигледно е дека грчките ставови остануваат непроменети, а надворешната политика во однос на ова прашање ќе се води со обвинување на македонската страна.