Македонија

Коѕиас во четврток во Скопје

Коѕиас во четврток во Скопје

Европската перспектива на Македонија ќе биде главна тема во разговорите на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас кој во четврток ќе ја посети нашата земја.

Шефот на грчката дипломатија во Скопје ќе се сретне со македонски дипломати, пред кои ќе има обраќање, а дипломатите потоа ќе можат да поставуваат прашања.

Дипломатски извори информираат дека е закажана е и билатерална средба меѓу Коѕиас и македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски.

Грчкиот министер за надворешни работи, првпат ја посети Македонија мината година во јуни.