Коѕиас во Њујорк ќе се сретне со Нимиц

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас денеска во Њујорк ќе се сретне со медијаторот Метју Нимиц, пренесува МИА.

Како што соопшти грчкото МНР, средбата ќе се одржи во девет часот по локално време во просториите на Постојаната мисија на Грција во Обединетите нации.

Коѕиас потоа ќе има средба и со генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, по што ќе дадат и изјави за медиумите.

Други детали за средбите не се соопштуваат.