четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 63

Коѕиас во Тирана ќе биде пречекан со протести

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас, кој денеска треба да допатува во посета на Тирана, ќе биде пречекан со протести, организирани од здружението „Чамарија“, јави МИА.

sredba-kodzias-poposki

Последни вести

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас, кој денеска треба да допатува во посета на Тирана, ќе биде пречекан со протести, организирани од здружението „Чамарија“, јави МИА.

Како што соопшти здружението, тие ќе простестираат пред Министерството за надворешни работи.

Министертството за надворешни работи на Грција продолжува со апсурдниот став дека прашањето за Чамите не постои. Ќе протестираме под мотото „Јас сум Албанец од Чамарија, јас постојам“ за време на средбата на министрите за надворешни работи на двете земји, наведуваат од здружението.

Чамите се насилно протерани Албанци од северниот дел на Грција.

Последната изјава деновиве на шефот на албанската дипоматија Дитмир Бушати и на премиерот Еди Рама во врска со прашањето за Чамите, а потоа и острата рекација од Атина, дека „прашањето за Чамите не постои и постојаното повторување на непостоечко прашање од официјалните албански власти не е во прилог на билатералните односи“ ги подигна тоновите меѓу двете држави.

Грчкото МНР, како што пренесоа албанските медуми, на многу јасен начин наведува дека „Чамите соработувале со фашистичкиот и нацистички окупатор и оти си заминале заедно со нив од Епир, во групи, следејќи ги непријателските сили, што за Тирана е невистина. Ваквата реакција наиде на остра осуда од повеќе асоциации и политички партии.

Албанските медиуми најавуваат дека Коѕиас доаѓа меѓу другото со барањето за решавање на морската граница меѓу двете земји, а неговиот домаќин Бушати со признавањето на прашањето на Чамите и враќање на нивниот имот во Грција.

Најчитани вести