Коѕијас: Верувам во чесни преговори од кои двете страни ќе имаат придобивки

Денеска правиме чекор да ги решиме проблемите кои не ги создадовме ние, туку ги наследивме и сега сме должни да ги решиме, рече во петокот грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас заедниката прес-конференцпија со македонскиот колега Никола Димитров по нивните повеќе од двочасовни преговори во македонското министерство за надворешни работи.

„Се радувам на посетата на северната пријателска земја. Ги задржав ветувањата дека кога ќе се смени името на аеродромот ќе дојдам во посета, за да ја отворам втората фаза за согласноста за поврзување на вашата земја со ЕУ. Верувам во нашата соработка за добро на нашите граѓани. Верувам дека направивме чекори за решавање на проблемите кои ги затекнавме. Дека тоа ќе помогне за пријателството на народите, за соработката, комунакацијата, стабилноста, безбедност и за развој на целиот регион. Верувам дека политичките пречки мора да се надминат. Се радувам на средбите со политичкиот врв и сакам да се заблагорадам на премиерот Зоран Заев за можноста за дискусија, но и на останатите со кои ќе се сретнам“, рече Коѕијас.

Во политиката е лесно да не правиш ништо, продолжи шефот на грчката дипломатија, истакнувајќи дека не се сеќава дека некој народ многу се жалел или на критики на министрите за нерешавање на проблемите, но животот ги нуди решенијата „што е скапо“.

Министрите за надворешни работи со иницијативата на премиерите имаат должност за наоѓање на решение кое ќе помогне на земјите“, истакна Коѕијас потенцирајќи дека верува компромис при решавање на спорот за името.

„Грција излегува од економската криза и за посакуваниот развој мора да имаме соработка на поширокиот регион, кој мора да влезе во ЕУ. Веруваме во чесни договори со кои и двете страни ќе имаат придобики. Веруваме во компромис. Не може да добиеш се’ што замислуваш, но треба да се добие она што е главно за двете страни и за заедничкиот интерес. Знаеме дека луѓето меѓу двете држави се движат и се посетуваат. Грција со радост ги прифаќа посетителите кои доаѓаат за туризам, но и за бизнис. Народите се блиски и наша должност е да ги доближиме уште повеќе“, порача Коѕијас.

Коѕијас, исто така, се обиде да ја образложи позицијата на Атина договорот во спорот за името да биде проследен со промена на македонскиот Устав.

„Го земаме предвид искуството во ЕУ со одлуките на уставни судови, кои сметаат дека Уставите се над европското и меѓународното право“, рече Коѕиас посочувајќи примери со Уставниот суд во Германија и спогодбата од Лисабон. Додаде дека барањето за уставна промена треба да се разјасни, но, според него, не може да се отвори во овој момент среде преговарачкиот процес.