Коѕијас во посета на Македонија

Коѕијас во посета на Македонија

На покана на министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски, денеска во еднодневна работна посета на Република Македонија ќе престојува министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас.

Како што соопшти МНР, за време на посетата министерот Коѕијас, како што е најавено, треба да биде примен од претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, од претседателот на  Владата на Република Македонија, Никола Груевски, како и од заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими.

Коѕијас во Скопје исто така ќе се сретне и со лидерите на поголемите политички партии, односно на СДСМ, Зоран Заев, на ДПА Мендух Тачи, како и со претседателот на ДУИ Али Ахмети, соопшти грчкото МНР.