Козле, Трнодол, Жданец и Нерези со намален притисок или без вода

За викендот поради планирана реконструкција на водоводна цевка на ул. Митрополит Теодосиј Гологанов, ќе има прекин на водоснабдувањето во деновите 27 и 28 Септември и тоа: во сабота од 12:00 до 19:00 часот и недела од 09:00 до 19:00 часот.

Во овој период со намален притисок, или без вода, ќе останат следните населби во Општина Карпош: Козле, Трнодол, Жданец и Нерези.