Кожухаров: Македонија се придржува кон проекциите за растот

Универзитетскиот професор Сашо Кожурхаров за телевизија Нова истакна дека Македонија се придржува кон проекциите кои ги има кои што се третирани на база на неколку сегменти,

-Тие сегменти пред сѐ базирани на компаративната анализа, базирани на проекциите врзани за увозот, домашната потрошувачка, класичниот извоз, директните инвестиции од странство, како и продолжување на задолжувањата, односно државниот долг, вели Кожухаров.

Тој додава дека мораме да го прифатиме оценувањето и од европските експерти дека ние сме во првите пет земји по економски раст во Европа.

-Дали сме први или петти е само прашање на методологијата, изјави професорот Кожухаров.