Крадци ја обиле книжарницата „Матица“

Во текот на изминатата ноќ крадци ја обиле книжарницата на издавачката куќа „Матица“ во Скопје.

Настанот во полициската станица Центар утрово околу 8 часот го пријавил Р.Б., а се претпоставува дека во објектот било провалено во периодот од 21 часот минатата ноќ до 7.30 часот утрово.

Од МВР за Нетпрес велат дека е пријавена тешка кражба, но засега нема информации што точно е украдено. Оттаму велат дека увидот сеуште е во тек.