Крадци во Мексико украле камион со радиоактивен товар

Крадци во централно Мексико вчера украле камион кој пренесувал радиоактивен материјал, соопштиле властите, објави „Ројтерс“, пренесува Нетпрес.

Радиоактивниот отпад – иридиум 192 – нормално се користи во индустриската радиографија, изјавил Мексиканскиот министер за внатрешни работи. Материјалот бил спакуван во специјален контејнер и моѓе да предизвика здравствени проблеми доколку е несоодветно чуван и ракуван, стоело во изјавата.

При крајот на минатата година, крадци исто така украдоа камион кој носел опасен токсичен медицински материјал за кој Обединетите Нации рекоа дека може да биде материјал за „Валкан бомба“.

Радиоактивниот товар подоцна бил пронајден фрлен од крадците блиску до местото каде што бил украден, пишува Ројтерс.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.