Крадец одзел 10.900 денари и 31 пирошка во Скопје

Во текот на вчерашниот ден, околу 15 часот, 43 годишниот С.В. ограбил неколку продавници во скопската општина Карпош.

Имено, С.В. најпрво од колонијал на улицата Миле Поп Јорданов одземал 4.100 денари, а потоа друг колонијал на улицата Козле го оштетил за 6.800 денари.

По ограбувањето на двата колонијали, С.В. се упатил кон продавница за бели пецива, сместена исто така, на улицата Козле, каде нарачал, 31 пирошка, пита бурек и пет штрудли, по што и се заканил на продавачката и си заминал.

По преземените мерки на Министерството за внатрешни работи, уапсено е лицето С.В. (43)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.