Краделе вредни предмети, ги препродавале и „заработиле“ 1,7 милиони денари

Организирана група од шест лица, во текот на минатата година, направила серија кражби на вредни предмети, кои потоа ги препродавале со што предизвикале голема материјална штета од 1,7 милиони денари, соопштува Министерството за внатрешни работи.

Деветнаесетгодишниот С.А., две години постариот М.Д и 35 годишниот С.А извршиле седум тешки кражби и една во обид, додека лицата С.В. и Р.Д. ги прикривале, а И.К. им помагал во извршување на кражбите.

Четири од кражбите биле во Центар,  една во Кисела Вода и две на подрачје на полицикста станица Карпош.  Најчесто со со помош на подесен алат и физичка сила насилно влегувале  внатре, извршувале претурање и пребарување и одземале разни вредни предмети  како што се : домашни иконостаси, бакарни, месингани и оловни предмети, плински боци, украсни предмети од народни носии, апарати за домакинство и други предмети со што се стекнале со противправна  имотна корист од околу  1.770.000 денари.

Украдените предмети ги продавале по пониски цени, на нив познати лица како и во антикварница  и  отпади  за пониски цени од реалните.

Полицијата до надлежното основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против лицата за кривичните дела„тешки кражби“, „тешка кражба во обид“, „прикривање“ и „помагање“.

Крадците и од претходно и’ биле познати на полицијата.