До крај на месецов можност за легализирање на дивоградбите

Граѓаните кои од било која причина не ја искористиле можноста во 2009 година за легализација на дивоизградените објекти тоа можат да го направат до крајот  на месецов, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ по увидот на градежните работи за изградба на локалниот пат меѓу штипските села Врсаково и Долно Трогирци.

Процесот на легализација на дивоградби е нова можност и нова шанса за сите оние граѓани кои во 2009 година од било која причина пропуштиле да поднесат барање за легализација и по симболична цена од 1 евро по квадрат да си ги легализираат објектите. Сакам да ги потсетам граѓаните дека кон крајот на минатата година Владата даде уште една шанса за сите кои пропуштија да поднесат барање во 2009 година, тоа да може да го направат до крајот на овој месец, рече Груевски.

Тој потсети дека тоа е последна шанса за сите граѓани да си ги легализираат дивоизградените објекти.

За тоа до крајот на месецов треба да поднесат барање за легализација во општината во која што живеат. Доколку го поднесат барањето потоа имаат можност до крајот на следната година да го изготват и елаборатот. Значи доволно е само да се поднесе барање, а понатаму да се изготви елаборатот, рече Груевски.

За оние,  како што нагласи, кои во минатото доставиле барање за легализација, а пропуштиле да ги стигнат роковите за поднесување елаборат се дава можност до крајот на годинава да поднест елаборат за да може да го легализираат својот објект.

Оваа шанса им се дава на сите оние кои изградиле дивоизградени објекти до 2009 година, а не за оние кои подоцна започнале или изградиле нелегален објект, нагласи Груевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.