недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 26

Крај на поларната ноќ: Норвежаните видоа Сонце по два месеци

sonce

Последни вести

Жителите на Тромс, на северот на Норвешка организираа голема прослава по повод појавувањето на сонцето над нивниот град по цели два месеци.

Како што нведува портлалот „Локал“, жителите на овој град со голем стил ставиле крај на поларната ноќ, односно два месеци живот во мрак.

Поларната ноќ е феномен кој се појавува северно од Арктичкиот круг и јужно од Антарктичкиот круг, а за чие време ноќта трае 24 часа. Времето во кое Сонцето не излегува варира во зависност од географската положба на местото, а варира од 20 часа до 186 денови.

Појавувањето на Сонцето над Тромс е пренесено во живо и на телевизија.

Сонцето над Тромс не се појавило од 27. Ноември.

Најчитани вести