Грчката крајбрежна стража спаси 242 мигранти

Грчката крајбрежна стража спаси 242 мигранти, откако дрвениот чамец со кој патувале потона северно од островот Лезбос. Во несреќата се удавија три лица, меѓу кои две момчиња, соопштија локалните власти, пренесува МИА.

Немаме претстава колкав е бројот на исчезнатите лица, изјави портпаролката на крајбрежната стража.

Оттаму додаваат дека се пронајдени телата на три удавени лица, маж и две деца, а потрагата по евентуалните преживеани продолжува.

Вчерашното потонување на дрвениот чамец покрај Лезбос претставува најтешката морска несреќа покрај бреговите на Грција, откако оваа година почна големиот миграциски бран.