ОН: До крајот на 2016. половина свет ќе биде онлајн

онлајн

Интернет користат и до 80 отсто од жителите во развиените земји, додека онлајн е само 40 отсто од популацијата на земјите во развој и 15 проценти во слабо развиените држави, пишува во извештајот на Агенцијата на ОН.

Во неколку сиромашни и нестабилни африкански земји секоја десетто лице е на Интернет.

Оние, кои не ја користат глобалната мрежа најчесто се жени, постари лица, слабо образованите луѓе, сиромашните и оние кои живеат во руралните подрачја, нагласува Агенцијата специјализирана за информациска и комуникациска технологија.

Глобално гледано со Интернет се служи 47 отсто од светската популација, помалку од планот, кој го постави ОН – 60 отсто до 2020 година.

Без Интернет се најмалку 3,9 милијарди луѓе, што е повеќе од половината жителите во светот, а Агенцијата очекува дека пристап до мрежата до крајот на оваа година ќе имаат 3,5 милијарди луѓе.

Во 2016 година луѓето повеќе не одат на Интернет, тие се на Интернет. Ширењето на 3-Г и и 4-Г мрежите ширум светот донесе на Интернет се повеќе и повеќе луѓе, се вели во извештајот.

Телекомуникациските и интернет компаниите се шират, а се подостапните паметни телефони им го олеснуваат на луѓето сурфањето на Интернет, но послабо развиените земји заостануваат зад остатокот од светот.

Пристапот до Интернет во тие земји е на ниво на развиените држави од 1998 година, што значи дека послабо развиените земји 20 години заостануваат зад развиените, додава Агенцијата.