петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 34

До крајот на денот нова трага за убиството на пејачката Јелена

До крајот на денот се очекува нова трага за убиството на пејачката Јелена Марјановиќ. Резултатите од ДНК анализата на биолошките траги најдени под ноктите на Јелена Крсмановиќ Марјанович ќе бидат готови до крајот на денот, дознава српски „Курир“.

jelena-krsmanovic-2

Поврзани вести

До крајот на денот се очекува нова трага за убиството на пејачката Јелена Марјановиќ. Резултатите од ДНК анализата на биолошките траги најдени под ноктите на Јелена Крсмановиќ Марјанович ќе бидат готови до крајот на денот, дознава српски „Курир“.

Во наредните неколку часа ќе биде завршена анализата, а се очекува дека тоа ќе ја доближи полицијата до убиецот, откриваат извори блиски до истрагата.

Јелена до последен миг се борела со убиецот, а врз основа на трагите се претпоставува дека го изгребала, па се очекува убиецот наскоро да биде и откриен.

Инаку, ваквите наоди обично се чекаат и по неколку денови, но поради важноста на истрагата овој пат истите биле направени по итна постапка.

Според досегашните сознанија, помеѓу Јелена и убиецот дошло до борба. Врз основа на најдените траги се претпоставува дека таа го изгребала по лицето или на телото, па на него веројатно се видливи раните и повредите што настанале за време на борбата со жртвата.

Најчитани вести