среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 42

До крајот на годинава почнува изградбата на новата зграда на ОУ „Димитар Македонски“-Скопје

Изградбата на новата зграда на основното училиште „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче, општина Аеродром ќе почне до крајот на годинава.

ristovski

Поврзани вести

Изградбата на новата зграда на основното училиште „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче, општина Аеродром ќе почне до крајот на годинава.

За ова денеска информира заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски во рамки на 109. седница, на која се поставуваат пратенички прашања.

Во рамки на нашите посети кои беа реализирани при теренските активности и средбите со граѓани кои ги имавме во општина Аеродром, беше побарано во населеното место Лисиче да се изгради комплетно нов објект за основното училиште „Димитар Македонски“. На нашата последна посета беше направена целосна анализа на постојниот објект. Тој објект не може да се санира и неопходно е да се изгради комплетно ново училиште, појасни Ристовски.

Министерството за образование и наука, како што рече, распиша јавен повик за избор на компанија која ќе го изготви идејното и проектното решение за ова училиште.

Најчитани вести