Магазин

Африкански крал има 100 жени

Африкански крал има 100 жени
Африкански крал има 100 жени

Единаесетиот по ред крал на кралството Бафута, на северот во Камерун има речиси 100 жени.

Полигамијата е нешто нормално и се води како традиција во руралните подрачја како што е Камерун.

Сите овие жени камерунскиот крал ги наследил од претходните владетели, а само со мал број од нив се оженил.

– Кралиците играат голема улога во нашата заедница – истакнува принцот Никсон, еден од синовите на кралот Абумби, и истакнува дека тие стојат зад своите мажи и ги трансформираат во идни кралеви.

Иако полигамијата е легална во Камерун, податоците тврдат дека ваквите бракови  се реткост на африканскиот континент.