Магазин

Кралцата и нареди на Кејт да носи подолги здолништа

Кралцата и нареди на Кејт да носи подолги здолништа

Кејт Миделтон по сугестија на кралицата, од сега ќе носи подолги здолништа. Известувачот за кралското семејство Кејт Николс објави дека кралицата издала директиви врзани за облекување на нејзината снаа Кејт Миделтон при посетата на Австралија, закажана за април оваа година.

Главниот акцент го стави на должината на нејзиното здолниште кое според мислењето на кралицата треба да биде подолго. Што се однесува до накитот, треба да биде класичен, да носи драгоцености од кралската колекција, и почесто да носи тијари.

Кралицата Елизабета ја задолжи својата лична стилистка Анџела Кели да и помогне на Кејт во подготовка на гардеробата за пат.

Нејзина желба е Кејт, која моментно се наоѓа на одмор на Карибите, со малиот Џорџ, на кој му е прво патување, но без Вилијам, во Австралија да изгледа „најкралски“ како никогаш.

Но, Кејт ќе се бори за тоа да го носи она што таа го сака, па затоа веќе се обратила на своите омилени модни дизајнери за да и направат фустани и здолништа за турнејата по Австралија која ќе трае три ипол недели.

Со Кејт, на пат ќе замине и нејзината фриузерка Аманда Кук Такер која неодамна завршила курс за користење на тијари во коса.