вторник, 27 јуни 2017  |  Вести денес: 0

Кралев: Немаше забелешки и нерегуларности во изборниот процес (ВИДЕО)

Локалното население во селото Отља, во Липково, посочува дека години наназад, како и сега немало проблеми во гласањето, а таа констатација беше потврдена и на изборниот ден во неделата, вели Панче Кралев, кој како набљудувач на ВМРО-ДПМНЕ на ИМ 1119 во селото Отља.

кралев

Поврзани вести

Бев набљудувач на ИМ 1119 село Отља, Липково, како еден од неколку претставници на политичките партии кои го набљудувавме изборниот процес. Од тоа што можевме да констатираме на самото избирачко место е дека сиот процес се одвиваше многу фер и демократски. Гласањето се одвиваше мирно од самиот почеток до затворањето на избирачкото место. Во текот на денот додека траеше гласањето, ИМ беше посетено и од неколку странски набљудувачки мисии меѓутоа и од невладини организации кои не констатираа ниту пак увидоа некакви нерегуларности што сосема се совпаѓа и со нашата констатација дека целиот изборен процес помина мирно фер и демократски- вели Кралев.

Токму за процесот на гласање во Липково, Движењето БЕСА поднесе приговори до ДИК. Сметаат дека биле оштетени во Липково, Арачиново и Тетово и со наводни нерегуларности биле оштетени за два пратенички мандати. Во записниците од Отља не се наведени неправилности.

На крајот на гласањето како и на секое друго ИМ по завршување со броењето на гласовите, записниците беа констатирани, беа прашани сите набљудувачи, нормално и членовите на избирачките комисии дали има некакви забелешки, и не беа наведени никакви забелешки ниту пак некој пројави било какви нерегуларности и мислам дека беше некоја наша заедничка  констатација дека целиот процес помина регуларно и без никакви дополнителни потешкотии- посочува Панче Кралев набљудувач на ВМРО-ДПМНЕ на ИМ 1119 во селото Отља.

ВМРО-ДПМНЕ и јавноста отворено се сомнева во изборен инженеринг токму во овие места, особено по приговорите поднесени од СДСМ покрај оние на БЕСА, бидејќи постои можност за договор меѓу двете партии за взаемно помагање, односно префрлање на гласовите од своето конто на помош на другиот со што би се одразило на бројот на пратеници и на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ.

Најчитани вести