“Кралевите” против Севиља добија три бода – ги загубија Хамес и Рамос

Реал Мадрид и Севиља го одиграа својот заостанат натпревар од 16-то коло на Примера, а домашните славеа со 2:1.

Хамес Родригез во 12-та и Хесе во 36-та минута беа стрелци на погодоците со кои “кралскиот клуб” забележа нова победа, додека единствениот гол за гостите беше дело на Аспас во 80-та минута од мечот.

Иако освоиja нови три бода и ја вратиja предноста од +4 пред Барселона, домаќините не се радуваа премногу бидејќи останаа без двајца клучни фудбалери, откако Родригез и Рамос заработија незгодни повреди.

По деталните лекарски прегледи е утврдено дека Хамес Родригез ја скршил петтата метатарзална коска на десното стапало и ќе мора на операција поради која ќе отсуствува околу два месеци, додека пак на Серхио Рамос му било препорачано мирување најмалку во следните 20 дена. Проблемот за Карло Анчелоти е уште поголем ако се знае дека е повреден и Пепе, па тренерот на Реал на располагање има само двајца централни дефанзивци, младите Варан и Начо.

Италијанскиот стручњак за дербито со Атлетико Мадрид нема да може да смета ниту на Бразилецот Марсело, кој ќе го пропушти овој градски дуел поради суспензија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.