Кралевите само малку се испотија

Рутинска победа од 2:0 над екипата на Осасуна, во првиот 1/8 финален натпревар од Купот на Шпанија, забележа големиот фаворит за победничкиот пехар, тимот на Реал (М).

Домаќинот дојде во водство со погодокот на францускиот интернационалец, Карим Бензема, а во второто полувреме, во листата на стрелци се запиша и резервниот напаѓач на „кралскиот клуб”, Хесе.

„Хесе имаше одличен натпревар, се бореше за секоја топка. Во овој момент, Хесе е многу важен фудбалер за Реал (М). Одигравме еден дефазнивен натпревар, но не направивме премногу прекршоци. Нашата дефанзивна линија функционираше како една целина. Многу сме блиску до пласманот во следната рунда, но нема да ни биде лесно во Памплона”, изјави по натпреварот тренерот на Реал (М), Карло Анчелоти.

Без погодоци заврши пресметката помеѓу екипите на Реал Сосиедад и Вилјареал, а ниту еден погодок не видоа фановите кои решија во живо да го следат дуелот помеѓу екипите на Рајо Валјекано и Леванте.