Кралицата Елизабета ќе го напушти престолот за Божик?

Водечкaта британска кладилница Корал го укина обложувањето на кралицата Елизабета Втора, откако настана хаос со обложување дека таа ќе абдицира на Божиќ со обраќање до нацијата.

Шансите беа 10 спрема 1 дека Нејзиното Височество ќе ја објави одлуката да го напушти престолот, но невообичаените кладби ја примораа кладилницата да го прекине обложувањето.

“Што се однесува до нас, ние имаме констатирано дека каде што има чад, има оган, па затоа решивме да преземеме мерки на претпазливост и го стопиравме обложувањето. Цела година се шират шпекулации за судбината на британската кралица, но денеска облозиите беа изненадувачки”, изјави портпаролот на Корал, Никола Мекгиди.

download

Портпаролот на Бакингамската палата одби да коментира за ова, и само потсети ветувањето на Кралицата од 1947 година, кое го објави на нејзиниот 21. роденден.

Тогаш младата Кралица најави дека целиот нејзин живот, без разлика дали ќе биде долг или кус, дека ќе му служи на народот.

Кралицата Елизабета Втора следната година би можела да стане Монарх со најдолг стаж во Велика Британија, рекорд кој го држи Кралицата Викторија, кој владеела цели 63 години и седум месеци, јавуваат британските медиуми.