Кралицата Елизабета спектакуларно ќе го прослави 90-тиот роденден

Меѓу изведувачите кои ќе настапат во чест на кралицата се: соул пејачката Беверли Најт, актерот Мартин Клус, Демијан Левин, Џемјс Блант, Кајли Миног, оперската пејачка Кетрин Џенкинс и многу други.

На прославата ќе биде раскажан животот на кралицата од нејзиното раѓање во 1926 година, крунисувањето во 1953 и 60 годишното владеење.

Организирана е поворка со повеќе од 900 коњи и повеќе од 1500 уметници. Нема сомнеж дека ова ќе биде роденденски спектакл во Англија.