Кралицата ги предупреди Шкотите: Внимателно разгледајте ја одлуката за независност

Британската кралица Елизабета Втора се надева дека Шкотска внимателно ќе ја разгледа одлуката дали на претстојниот референдум, кој е закажан за на 18-ти септември, да избере дали да стане независна држава, пренесуваа британските медиуми.

„Се надевам дека народот добро ќе размисли за својата иднина“, изјавила кралицата по што присуствуваше на црквената служба во близина на својот имот Балморал во Шкотска.

Според анкетите, меѓу противниците и оние кои се за независност на Шкотска се води „мртва трка“.

Шкотската Национална партија, која се залага за независност порача дека граѓаните ако изгласаат отцепување може да одлучуваат и дали ќе ја задржат монархијата или не.

По извештајот во медиумите дека кралицата е загрижена поради рефендумот на 18-ти, Бекингемската палата издаде соопштение дека таа по ова прашање е непристрасна и дека одлуката треба да ја донесе народот во Шкотска.