“Кралот” се врати за победа на Кливленд

Леброн Џејмс, повратникот во тимот на Кливленд беше предводник на својот тим во победата над Индијана со 98:93. Џејмс постигна 26 поени, 4 скокови и три асистенции, а ова беше четврта победа на “Кавалирси” во исто толку натпревари во подготвителниот период.

Најновата аквизиција на Кливленд, Кевин Лав имаше лоша вечер и постигна само пет поени.

На спротивната страна најефикасен со 16 поени беше резервистот Крис Копленд, додека Дејвид Вест постигна 15, а Луис Скола и Родни Стаки имаа по десет поени.

НБА претсезона:

Бруклин – Сакраменто 129:117 (продолженија)

Шарлот – Детроит 84:104

Вашингтон – Макаби Хаифа 101:95

Орландо – Фламенго 106:88

Кливленд – Индијана 98:93

Бостон – Торонто 89:92