Кралска прослава на 40-от роденден на францускиот претседател Макрон

A picture taken on June 12, 2017, shows the Chateau de Chambord (The Castle of Chambord) in Chambord. / AFP PHOTO / LUDOVIC MARIN

Францускиот претседател Емануел Макрон го слави викендов својот 40-ит роденден во близина на дворецот Шамбор каде во XVI век живеел францускиот крал Франсоа Први Валоа.

Претседателот Емануел Макрон, кој во четврток ќе наполни 40 години, ќе го прослави роденденот во сабота навечер во салонот на дворецот, еден од најубавите архитектонски бисери по течението на Лоара, пишува локалниот дневен весник La Nouvelle Republique.

Службите на кабинетот на францускиот претседател само потврдиле дека „претседателот и неговата сопруга Брижит го минуваат викендот во приватно својство во францускиот департман Лоар-е-Шер, во близина на дворецот Шамбор, на личен трошок на претседателот на Републиката“.

Според пишувањето на повеќе француски медиуми, Емануел Макрон отседнал во стара шумска куќичка „среде кралскиот посед, неколку метри од дворецот“.

Таму се наоѓаат неколку куќи со четири ѕвездички, коишто може да се изнајмат по цена од 800 до 1.000 евра за викенд.

Дворецот Шамбор е впишан во светското наследство на УНЕСКО поради неговата многу препознатлива француска ренесансна архитектура која ги спојува традиционалните француски средновековни форми со класичните ренесансни структури и прима речиси милион посетители годишно. Подигнат но не е завршен целосно, како ловечка куќа за кралот Франсоа Први.