Кранист загинал на градилиште во Скопје

Педесет и седумгодишен кранист, загинал додека извршувал работи на кран на градилиште во Скопје, вчера напладне, соопшти полицијата.

Според информацијата на МВР, Ц.Т. од прилепското село Ново Лагово паднал од кранот и тешко се повредил. Веднаш по инцидентот бил однесен на скопските клиники, каде за кратко време починал.

На 19 декември во околу 14.20 часот на улицата „Никола Вапцаров“ во Скопје, Ц.Т. (57) од селото Ново Лагово, прилепско, вработен во приватна фирма, додека извршувал работи на кран на висина од четири метри, во моментот кога се откачила дигалката тој паднал на земја и се здобил со повреди по што веднаш бил пренесен во Ургентниот центар Скопје. По кратко време Ц.Т. им подлегнал на повредите. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во полициската информација.