Спорт

Кратко траеше авантурата на Јербиќ во Шкендија

Кратко траеше авантурата на Јербиќ во Шкендија
Само еден месец траеше авантурата на Јербиќ во Шкендија

Јербиќ пристигна во Шкендија пред околу еден месец и беше најавен како големо засилување во одбраната, но прилагодувањето на новата околина му одеше тешко, поради што побарал раскинување на договорот.

Тетовци на барањето одговориле позитивно и го ослободиле од обврските, особено што тој не бил во оптимална форма и не е преголемо засилување за нив.

Јербиќ одигра само еден меч и тоа во Купот против Зајас (4:0), а на клупа беше против Младост Царев Двор во првото коло. Претходно одигра неколку контролки за Шкендија.