Краткотраен, но силен дожд го зафати Скопје

Попладнево Скопје го зафати краткотрајно невреме со силен дожд, град и ветер.

Главниот град и синоќа беше зафатен со обилни врнежи дожд, кога наврнаа 54 литри на метар кавдратен. 

Метеоролозите најавувaaт дека од утре времето ќе биде стабилно и посвежо, но без врнежи со температура од 3 до 13 степени.

Од сабота се очекува заладување и спуштање на утринските температури под нула.