Краткотраен прекин на сообраќајот на патот Кичево-Охрид кај Врбјани

Од 12:30 до 15:30 часот денеска ќе има 15- минутен прекин на сообраќајот на патот Кичево-Охрид после планинскиот превој Пресека, кај село Врбјани.

Во тој период градежното претпријатие „Илинден“ ќе изведуваа работи на патот со минирање, информира диспечерскиот центар на ЈП „Македонија пат“.