Прекин на сообраќајот на патот Кичево – Охрид

Прекин на сообраќајот на патот Кичево- Охрид

Прекин на сообраќајот на патот Кичево – Охрид. Како што информираат од АМСМ, поради изведување работи на пат (минирање), на патот А2 Кичево-Охрид,  помеѓу планински превој  Пресека  и  село Врбјани, сообраќајот ќе биде во прекин 15-20 минути помеѓу 12.00-14.00 часот.

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Од 15-ти Ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2016 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.