ВИДЕО: Крава секој ден го запира автобусот што и го убил телето

Во Индија има една крава што секој ден проаѓа на едно исто место и тоа пред истиот автобус. Пред четири години овој автобус го убил нејзиното теле.

Кравата не доаѓа на местото за да тагува, туку за да го сопре автобусот. Секој пат кога автобусот ќе наиде таа застанува пред него, го напаѓа со роговите, а не сопира ниту едно друго возило. Понекогаш само го забавува, понекогаш во целост го сопира, но не се откажува. Властите се обиделе со се, па дури и ја промениле бојата на автобусот, но таа сепак чувствувала дека е истиот.

Погледнете го видеото!