Кражба во Петровец: Од викендичка украдена ловечка пушка

Тешка кражба во викендичка во скопско Петровец.

Како што информира МВР, непознат сторител со употреба на физичка сила извршил тешка кражба во викенд куќа, сопственост на Т.Р. (58) од Скопје, при што одзел ловечка пушка марка калибар 12 мм., четири патрони калибар 12 мм. и 30 куршуми калибар 9 мм.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.