Македонија,Крими хроника

Кражба во училиштето „Лирија“ во Чаир

Кражба во училиштето „Лирија“ во Чаир

Тешка кражба се случила викендов во основното училиште „Лирија“ на улицата „Цветан Димов“.

Крадецот од кабинетот по историја и биологија одзел 10 куќишта од компјутер марка „Најгер“ и два лап топ компјутери, со што се стекнал со противправна имотна корист од 21.000 денари.

Полицијата трага по сторителот.