Кражба на пиштол и лап топ во Аеродром

Викендов во Скопје на улицата Владимир Комаров во скопски Аеродром во станот на педесет и три годишниот Б.К. извршена е тешка кражба.

Крадецот со себе однел пиштол „ЧЗ-75Б“ кал. 9 мм и лап топ компјутер, со што се стекнал со противправна имотна корист од 235.000 денари.

Министерството за внатрешни работи презема мерки за откривање на сторителот.