Кражба во извршителска канцеларија во Гостивар

Налепници, печати и документи украл арамија од канцеларија на извршител во Гостивар.

Канцеларијата на  49-годишниот Ч.Л. викендов била мета на арамија, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи. Откако го скршил катанецот од влезната врата, непознатиот сторител влегол внатре и украл два округли печати и 50 мали и 20 големи налепници за потпис и проценка.

Со украдените предмети, вредно 10.000 денари, арамијата избегал во непознат правец.

Полицијата работи на расчистување на кражбата.