Кражба во куќа во гостиварско

Кражба се случила вчера во куќата на М.Х од гостиварско Ѓорѓевиште.

МВР денеска соопшти дека крадецот се прекачил на терасата, влегол внатре и од чанта одзел 300 евра. Во моментот на извршување на делото сторителот бил забележан од Б.М.(19), по што сторителот физички го нападнал, нанесувајќи му телесна повреда, а потоа се дал во бегство.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.