Кражба во кумановска златара тешка седум милиони денари

Арамија украл неколку килограми злато од кумановска златара, правејќи штета од седум милиони денари.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, ноќта помеѓу вторникот и средата, арамија провалил во златарата „Бисер“ на улицата „11 Октормври“ во Куманово.

Сторителот прво го скршил катанецот, а потоа и бравата, па влегол во златарскиот дуќан сопстевност на Е.С. од Куманово.

Арамијата успеал да украде метална каса во која имало неколку килограми злато, вредно седум милиони денари.

Со вредниот плен тој избегал во непознат правец, но кумановската полиција работи на негово пронаоѓање.