Кражба во Македонска Каменица, арамиите уапсени

Министерството за внатрешни работи поднесе кривични пријави против К.Ј.(19), Н.Г.(21), Д.А.(17) сите тројца од Оризари, кочанско и И.П.(26) од Кочани и В.К.(16) од Македонска Каменица за сторена кражба.

Имено, на 27-ми ноември минатата година, петте лица ограбиле куќа во Македонска Каменица од која одзеле 10.000 денари, еден телевизор и картичка за банкомат и со истата Д.А. и Н.Г. неовластено подигнале 60.000 денари.